ПОРАКАТА ПРАТЕНА: Студентскиот марш заврши мирно
Студентскиот протестен марш заврши мирно попладнево, откако студентите и доставија писмо со свои барања на Владата. На прво место на списокот е барањето Владата да се откаже од планираното воведување на државен испит во високото образование.
Ова беше втор протест на студентите под мотото „Стоп за лошите реформи во образованието“. Овојпат протестот организиран од здружението „Студентски пленум“ го поддржаа и средношколци, професори, родители и граѓани.
Неколку илјади студенти и поддржувачи точно напладне тргнаа од платото пред Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и поминаа покрај Собранието и Владата. Пред владината зграда извикуваа пароли „Екстерно за Владата“ и „Сега ќе не слушнете“.
Поддршка добија и од студентите на Штуловиот универзитет во Тетово, а се протестираше и во Битола.
Слично
