ПОРАКАТА Е ДЕШИФРИРАНА: Груевски oткри што значел твитот!
Остри тонови и речник кој во дипломатијата „шета“ на ниво на пристојност. Вчерашниот ден покажа дека дипломатските ракавици се извадени.
Амбасадорите пред Владата му испратија јасна порака на премиерот Никола Груевски дека го сметаат за најодговорен што не се исполнува договореното од Пржино.
После половина час на твитер профилот премиерот Груевски напиша: „Македонскиот народ одлучува за својата иднина!“
Во јавноста овој твит беше сфатен како повратна порака од премиерот за амбасадорите.
Но на денешната прес конференција премиерот посочи дека пораката на Твитер е реалноста од исходот на изборите а не порака за амбасадорите.
Тој истакна дека интересот на владеачката партија е да се имплементира договорот од Пржино нагласувајќи дека преговорите течат во нормален тек.
Премиерот не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на амбасадорите поздравувајќи го нивниот ангажман.
Тој ги демантираше тврдењата дека власта спрема јавни собири кои се шират на социјланите мрежи.
