Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАКА ДО ПОЛИТИЧАРИТЕ: Не лажете со години, ниту една партија не е добродојдена

ПОРАКА ДО ПОЛИТИЧАРИТЕ: Не лажете со години, ниту една партија не е добродојдена

Селото Подгора во БиХ ги предупреди сите кандидати на сите партии да не доаѓаат кај нив, затоа што само ги лажеле, а ништо од ветеното не исполниле. 

„Не лажете со години. Ниту една партија не е добродојдена во Подгора“- пишува на голем транспарент што се наоѓа во селото. 

На другата  страна од транспарентот, има напишана порака: Дали прочитавте? На луѓето им е доста“.

Некои од партиските активисти помислиле дека жителите на селото се шегуваат, но нивните плакати се искинати.

Во Подгора живеат 700 жители и малку е веројатно дека на изборите в недела ќе излезат да гласаат.

Анкетата на Здружението на новинари на БиХ покажа дека помалку од 20 отсто граѓани имаат доверба во политичарите во државата. 

Слично

Поврзани вести