Поради зголемените цени во мобилната телефонија АЕК бара трет оператор
Спојувањата кои се случија помеѓу операторите на мобината телефонија во последните две години на македонскиот пазар наместо пониски цени за разговори на корисниците им донесоа зголемени просечни цени за минута разговор во мобилната телефонија за над 15 проценти и на мобилниот интернет за приближно 20 отсто.
Токму зголемените цени на мобилните оператори ги принуди надлежните од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да овозможи услови за влез на нов мобилен мрежен оператор и виртуелен мобилен оператор на македонскиот пазар.
Според она што беше соопштено на денешната прес конференција, агенцијата не ги прифаќа новите згоемени цени а директорот на АЕК Сашо Димитриjоски посочи дека нема да дозволи граѓаните да плаќаат поскапо за истите услуги кои досега ги користеле поевтино.
Димитриjоски информираше дека од АЕК се испратени над 70 писма за заинтерeсираност до светски реномирани оператори за новите услови кои ги создава за влез на нов мобилен мрежен оператор и за условите за влез на виртуелен мобилен оператор на македонскиот пазар.
