Поради земјотрес Самос се помести за 25 сантиметри
Островот Самос во Грција се поместил по силниот земјотрес минатата недела.
За 18 до 25 сантиметри тој се издигнал над морето по земјотресот од 6,7 степени, во петокот.
Ова е според истражувањето на професорите од Катедра за геологија од атинскиот Универзитет, јави дописничката на МИА од Атина.
Островот се поместил на југ за најмалку 6.5 сантиметри. Овие поместувања се трајни.
Земјотресот кој го стресе Самос, ја стресе и Турција и предизвика огромни штети и однесе многу жртви.Од под урнатините беа извадени повеќе деца по 3 или 4 дена.
И денеска во Грција имаше повеќе земјотреси.
Слично
