ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО: Југохром го прекина производството на два месеци
Од „Југохром фероалојс“ ДООЕЛ информираат дека прекинуваат со производството од крајот на декември до крајот на февруари.
Од менаџментот на фабриката велат дека имаат слух за моменталната ситуација со загадувањето во Тетово иако не се тие единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот.
Тие доброволно ја донеле одлуката за гасење на двете печки кои се во функција односно целосно затворање на производствениот капацитет.
Во меѓувреме „Југохром фероалојс“ ДООЕЛ во стечај ќе продолжи со сите планирани и веќе договорени активности за целосна имплементација на еколошките стандарди согласно законските прописи, односно инсталирање на системот за отпрашување во планираниот рок.
Слично
