Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ: Учениците порано на распуст, а дел од вработените на одмор

ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ: Учениците порано на распуст, а дел од вработените на одмор

Министерството за животна средина најави дека ќе предложи до Владата неколку мерки поради енормно загадениот воздух.

Меѓудругото, предложено е распустот на учениците да почне в понеделник, хронично болните  и бремените жени да се ослободат од работа, да се намали цената на автобускиот превоз и да се воведе редуцирана работа на индустриските капацитети.

Министерот Нурхан Изаири рече дека очекува Владата да ги прифати мерките, бидејќи состојбата со загадувањето на воздухот ќе биде уште полоша.

Алармот за загаденост на воздухот во повеќе градови од Македонија, како Скопје, Тетово и Битола веќе долго време свети црвено, а скоро секој ден границата на загаденост е 10 пати повисока од дозволеното.

Поради оваа ситуација, денеска повеќе од 20 граѓански организации, движења и иницијативи повикуваат на масовен протест во понеделник пред Владата.

Организаторите најавија дека својот револт и страв од алармантното загадување ќе ги изразат пред најодговорните за состојбата, како и дека ќе повикаат проблемот да биде сфатен најсериозно.

Слично

Поврзани вести