Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради забраната за увоз на руско злато веднаш скокна цената на благородниот метал

Поради забраната за увоз на руско злато веднаш скокна цената на благородниот метал

Скокна цената на златото по најавата дека Г7 ќе забрани увоз од Русија. 

На физичкиот пазар цената на златото се зголеми за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се тргуваше по 0,5 отсто повисока цена односно 1.840,40 долари за унца. Обединетото Кралство САД, Канада и Јапонија на Самитот на Г7 одлучија да го забранат увозот на руско злато во новиот пакет санкции против Москва поради инвазијата на Украина.

Русија годишно произведува од 350 до 380 тони злато. Златото е втор извор на приходи за Русија. 

Забраната на увоз на злато од земјите-членки на Г-7 за Русија е незаконска, но Москва најави дека ќе побара други пазари за да ги заобиколи санкциите.

– Пазарот на благородни метали е глобален. Тој е доста голем, обемен и исклучително разновиден – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Досега против Русија имаше повеќе сетови на санкции. 

Слично

Поврзани вести