Поради војната во Украина ќе гладуваат 28 милиони луѓе
Организацијата „Оксфам“ предупредува дека е можно населението во Источна Африка да страда од глад поради војната во Украина.
Како што пишува ДПА, извршната директорка на организацијата Габриела Бухер изјави дека Етиопија, Кенија, Сомалија и Јужен Судан, меѓу другите, се најзагрозени земји. Дури овој месец да заврне дожд, состојбата нема целосно да се ублажи. Скоро 28 милиони луѓе би можеле да бидат погодени. Источноафриканските земји увезуваат до 90 отсто жито од Украина и Русија, а резервите ќе бидат погодени поради војната.
„Ефектот од конфликтот во Украина врз глобалниот систем за храна ќе се почувствува низ целиот свет, но најсиромашните и најранливите луѓе ќе бидат најтешко и најбрзо погодени“, истакна Бухер.
Оксфам објави дека 21 милион луѓе во Источна Африка веќе се борат со гладот, а хуманитарната помош за регионот е недоволна. Овој проблем трае долги години. Кризата од Украина економски ќе погоди многу земји.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш повика да се стави крај на „апсурдната војна“ што Русија ја започна против Украина, нарекувајќи ја „непобедлив“ конфликт што ги става луѓето во „жив пекол“.
