Поради војната поскапе и асфалтот - го увезуваа од Русија
Британската управа за патишта објави дека цената на овој
важен материјал е зголемена за 22%, а ова поскапување се одразило на
безбедноста на патиштата.
Европа ги чувствува последиците од војната која започна во февруари по руската инвазија на Украина. Речиси е невозможно да се најде некоја човечка активност во која не се чувствуваат последиците од војната.
Војната во Украина ги погоди и патиштата во Велика Британија. Имено, Кралскиот автомобилски клуб (RAC) во својот извештај ја критикуваше моменталната состојба на патиштата во таа земја. За што точно се работи?
За дупките на патот! Според податоците со кои располага RAC, 60% од асфалтот што се користи за покривање и поправка на патишта доаѓа од Русија, земја која го ограничи извозот на овој материјал како одмазда за економските санкции наметнати од меѓународната заедница.
Ефектот на ова ограничување е јасен. Британската управа за патишта објави дека цената на овој важен материјал е зголемена за 22%, а ова поскапување се одразило на безбедноста на патиштата.
Прелиминарната студија за ситуацијата, спроведена пред конфликтот, веќе покажа дека се потребни инвестиции во поправки на патишта до 12 милијарди фунти. Сепак, многу проекти сега се во застој поради зголемената цена на материјалите.
За да се справи со економската криза, британската влада го намали за една третина буџетот наменет за субвенционирање на локалните заедници, а тоа влијае и на квалитетот и одржувањето на патиштата.
Фото: unsplash
Извор: б92
