Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

Хрватските граѓани на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на продавниците поради високите цени. Тие се револтирани поради високите цени. 

Како што пишува Index.hr, граѓаните меѓусебно се повикуваат на социјалните мрежи како WhatsApp, Reddit и Facebook да ги бојкотираат продавниците на 24 јануари и да не купуваат ништо на тој ден. 

„24.1. Во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден, но ништо. Осигурете се за тој ден како да е недела. Во Обединетото Кралство истото се случи со горивото, следниот ден цената падна, а исто така ги покачија платите за 100 фунти месечно“, стои во повикот. 

Споменуваат и примери како Италијанците престанале да пијат кафе во кафулињата кога нивните цени се зголемиле по доаѓањето на еврото. 

Но, сепак Хрватите дискутираат и за опцијата, дали има смисла еден ден да не купуваат ништо, затоа што потоа благајните пак ќе им се наполнат на трговците, пишува index.hr. 

foto Shutterstock

Слично

Поврзани вести