Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради снежно невреме затворени се училишта во Грција

Поради снежно невреме затворени се училишта во Грција

Невреме денеска ја зафати Грција при што има затворени училишта. 

Невремето „Елипида“ донесе снег на дел од Кикладските острови. Утрово Миконос, Наксос, Тинос, Сирос, Андрос, беа под снег што ретко се случува. 

Училиштата ќе бидат затворени и во повеќе други делови на Грција, во северниот и централниот дел, на дел од островите и на Крит, а наставата ќе се одржува онлајн. 

Невремето во повеќе делови од земјата веќе донесе снег и тоа на места што досега не било вообичаено да бидат под снежна покривка, а се очекува утре да пристигне и во Атина, поради што училиштата во следните два дена ќе останат затворени, додека пак надлежниот министер ги повика граѓаните да избегнуваат непотребни движења, јави дописничката на МИА од Атина.

Попладнево е одржан вонреден состанок Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција за подготвеноста на државниот механизам да се справи со снежната бура. 

Периферијата Атика, по средбата со сите градоначалници, донесе одлука основните и средните училишта да останат затворени. 

Во вторник ќе има одлука дали од среда училиштата ќе си продолжат со работа. 

Слично

Поврзани вести