ПОРАДИ СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: За 12 сантиметри се помести историската камбанарија во Паг
Силниот земјотрес во Хрватска за 12 сантиметри ја помести историската камбанарија во Паг.
Улица во Паг вчера беше затворена откако земјотресот со јачина од 4,8 степени, го погоди Задар и за 12 сантиметри ја измести историската камбанарија стара 800 години. Потоа имаше акција за отстранување на ѕвоното тешко двесте килограми. Надлежните соопштија дека откажала структурата и нешто пукнало, поради што ѕвоното се навалило.
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа земјотресот во вторникот попладнето во 18 часот и 43 минути со епицентар на 15 километри североисточно од Пакленица.
Деновиве силни потреси имаше и на Санторини во Грција.
Слично
