Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради штрајк на машиновозачите, железничкиот сообраќај во прекин

Поради штрајк на машиновозачите, железничкиот сообраќај во прекин

Од попладнево железничкиот сообраќај во Македонија е прекинат поради штејкот на машинскиот персонал во МЖ Транспорт.

Возовите на релацијата Скопје - Велес и Скопје-Битола предвидени во 13:20 часот и 14:30 часот денеска не сообраќаат

Машиновозачите, според одлуката за бојкот, барат потпишување колективен договор, почитување на Законот за работни односи во делот на исплата на плата, и на пресметката на бенифицираниот стаж, како и техничка исправност на железничките возила и безбедност во железничкиот сообраќај. Бојкотот почна вчера со намалување на обемот на товарниот превоз, а по неуспешната средба денеска претпладне со раководството на МЖ Транспорт синдикатот ја реализираше одлуката за прекин и на патничкиот сообраќај. Според директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски  машиновозачите незаконски се обидуваат да го попречат работењето и оти ја злоупотребуваат позицијата. - Бојкотот како форма за прекин не е познат и ова е нелегално. Бараат зголемување на платите, а нивните месечни приходи се од 38.000 до 40.000 денари, изјавил Деркоски.

Слично

Поврзани вести