Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ ШТЕТИ ОД МРАЗ И ГРАД: Владата и префрли на општина Росоман над 390 илјади евра за обесштетување на земјоделците

ПОРАДИ ШТЕТИ ОД МРАЗ И ГРАД: Владата и префрли на општина Росоман над 390 илјади евра за обесштетување на земјоделците

Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 илјади евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град, информираше претпладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски, преку објава на Фејсбук профилот.  

Тој појасни дека се работи за надоместување на штети што земјоделците ги претрпеле од мраз оваа година и од врнежи од град, минатата година.

- Овие средства се наменети за обештетување на земјоделците кои претрпеа штети. По целосна обработка и комплетирање на документацијата, средствата ќе бидат исплатени на оштетените земјоделци во најкраток можен рок. 

Општина Росоман продолжува со поддршка на земјоделците и заштита на нивниот труд - напиша Крстевски во објавата сподеелена на социјалните мрежи.


Фото: Принскрин/Фејсбук


Слично

Поврзани вести