ПОРАДИ ПРОПУСТИ ВО РАБОТАТА: Спасовски смени пет началници во МВР
Пропусти во работата го натераа новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да смени петтмина началници на Сектори за внатрешни работи.
Сменети се началниците на Скопје, Куманово, Велес, Охрид и Битола.
Скопскиот началник според зборовите на Спасовски е сменет поради упадот на полицијата за време на протестот на Студентскиот пленум против изградбата на два нови барокни факултети во кругот на УКИМ
Спасовски вели дека во врска со овој случај, полиција не повикал ректорот на УКИМ, туку лице кое работеле како обезбедување во фирмата СГС притоа негираше дека „Фабриката за афери“ има било каква поврзаност со овие промени.
Одредени началници ги повикувале вработените да се приклучат кон одредена полтичка партија, други пак правеле пропусти за истрагите што се водат за напади на новинари при што министерот донел одлука за нивна смена.
