Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради преселбата на Сваровски од Лихтенштајн во Србија ќе трпат 50 вработени

Поради преселбата на Сваровски од Лихтенштајн во Србија ќе трпат 50 вработени

Се запира производството на австрискиот концерн Сваровски во Тризрен и се сели во соседна Србија.

Од оваа компанија соопштиле дека мануелното производство во текот на вториот квартал на следната година ќе биде префрлено во Србија.

Поради запирањето на прозиводството, во Лихтенштајн ќе бидат затворени најмалку 50 работни места.

Причината за тоа е растечкиот притисок на мануелното производство , кое се заострило со укинување на фиксниот курс на швајцарскиот франак.

Сваровски, меѓутоа, не се откажува во Тризрен и таму ќе го прошири својот менаџмент со мрежа на испорака на производи.

Слично

Поврзани вести