Поради поплавите се евакуираат цели семејства во Албанија
Поплави има во Албанија, каде илјадници хектари земјоделско земјиште се под вода, поплавени се куќи, евакуирани се цели семејства.
На помош се вклучени армиските и полциски сили, како и медицински екипи со возила за брза помош. Посебно критична е состојбата по течението на реката Вјоса која е излезена од своето корито во повеќе населени места во Валона и Фиер, каде поради виското ниво на вода не може да се минува преку неколку мостови. Во Новосело спасувачките екипи евакураа повеќе семејства, дел од нив неколкучасови биле на покривот на поплавените куќи. Надојдената река Сушица поплави куќи, а урна и мост во општина Химара. И во Македонија имаше излвања на реки и тоа во источна Македонија.
Слично
