Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради пандемијата семејствата во Британија се побогати

Поради пандемијата семејствата во Британија се побогати

Поради пандемијата британските семејства се побогати. 

Британските семејства се финансиски подобри за околу 7.800 фунти сега отколку пред пандемијата. Најбогатите 10 отсто од семејствата имаат најголемо зголемување на богатството – за повеќе од 50.000 фунти. Најсиромашните 30 отсто се побогати само за 86 фунти.

Богатството се зголеми за 900 милијарди фунти (1,3 трилиони долари) за време на пандемијата, со голем дел од зголемувањето меѓу најбогатите. Тоа е според студијата на „Resolution Foundation“, цитирана од „Bloomberg“.

Износот е далеку над пресметките на Банката на Англија за тоа колку пари потрошувачите собрале за време на блокадите, кога повеќето продавници беа затворени и немаше начин за патување.

Слично

Поврзани вести