Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради пандемијата Хрватите се борат со зголемена невработеност

Поради пандемијата Хрватите се борат со зголемена невработеност

Поради пандемијата на коронавирусот, Хрватите се соочуваат со зголемена невработеност. 

На крајот на август во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување имало 151.368 невработени. 

Тоа е  намалување за 0,04 проценти на месечно ниво и зголемување за 32,2 проценти на годишно ниво, објави Заводот.

На годишно ниво, бројот на невработени продолжува да расте со стапка од над 30 проценти.

Во август годинава имало 36.870 повеќе луѓе во Заводот за вработување во Хрватска отколку во август лани.

Според податоците од месечниот извештај на Заводот, во август годинава, вкупно 12.362 лица биле новопријавени во регистарот на невработеност, односно за 9,1 процент повеќе од истиот месец лани, пишува „Јутарњи лист“.

И во Македонија бројката на невработени се зголеми откако почна пандемијата. 

Слично

Поврзани вести