Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради пандемијата 150 милиони луѓе ќе живеат екстремно сиромашно

Поради пандемијата 150 милиони луѓе ќе живеат екстремно сиромашно

До 2021-та поради Ковид -19 уште 150 милиони луѓе ќе бидат екстремно сиромашни. 

Светската банка (СБ) денеска алармираше за голем пад на економијата.

Банката првпат по повеќе од 20 години очекува раст на екстремната сиромаштија во светот. 

Екстремната сиромаштија, дефинирана како живеење со помалку од 1,90 долари на ден, веројатно во 2020 година ќе влијае на меѓу 9,1 и 9,4 отсто од светското население, се наведува во двегодишниот Извештај за сиромаштијата и заедничкиот просперитет.

„Поради пандемијатра и глобалната рецесија 1,4 отсто од светското население би можело да западне во екстремна сиромаштија. За да се отстрани оваа голема пречка за натамошниот развој и намалувањето на сиромаштијата, земјите ќе ора да се подготват на поинаква економија по пандемијата, и на капиталот, работната сила, ве3штинитеи и иноваациите ќе мора да им овозможи преминување во нови претпријатија и сектори“, објасни претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас.

Во извештајот стои и дека стапката на сиромаштијата ќе расте во земјите во кои веќе пости голем број сиромашни.

Во светот има 36.4 милиони заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести