ПОРАДИ ОСТРИ ИЗЈАВИ: Турција и Австрија на нож …
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц го повика турскиот амбасадор да даде појаснување за изјавата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој вчера ја нарече Австрија „престолнина на радикалниот расизам“.
„Дома Турција треба да ја намали реториката на адреса на австриските власти“, напиша Курц на Твитер. Така тој му одговори на Чавушоглу, кој ја нарече Австрија „престолнина на радикалниот национализам„.
„Апелирам до турскиот министер на воздржаност и нагло ја отфрлам неговата критика“, додаде Курц.
Од неодамна, во австриско-турските односи се забележува тензија. На 3 август австрискиот премиер Кристијан Керн повика да се запре процесот на преговорите за пристапување на Турција кон ЕУ. Во интервју за весникот „Пресе“ тој истакна дека влезот на Турција во ЕУ тешко дека ќе се случи во блиска иднина. „Не. Не сега и не во следната деценија“, рече канцеларот, одговарајќи на соодветното прашање.
Тој исто така го предложи ова прашање да биде разгледано на следниот самит на ЕУ во Братислава на 16 септември.
