Поради одрони магистралниот пат Ресен-Битола затворен за сообраќај
Mагистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај.
Сообраќајот се пренасочува низ градот, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за илез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
