Поради одлука на Второстепена комисија Тамара не заминала на лекување?
Според сознанијата на Нова Тв Второстепената комсија одлучила девојчето од Велес кое имаше проблеми со 'рбетниот столб и кое почина вчера да не замине на лекување во странство.
Имено, според горенаведениот медиум голема контрадикторност содржи Решението на Второстепената комисија на Фондот која ја одбила жалбата за лекување во странство на Тамара како неоснована, иако лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедија дал мислење дека девојчето треба да се лекува во странство бидејќи на Клиниката нема можност да се изврши оваа операција.
Илир Хасани за Нова еден од ортопедските хирурзи кои е потпишан на конзилијарното мислење, но и член на првостепената комисија во Фондот за здравство потенцирал дека сколиозата како дијагноза не е итна за лекување, но последиците од неа доколку е во потешка форма може да бидат кардиоваскуларни или белодробни.
