Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради новиот бран на коронавирусот, Србите размислуваат за кратење на работното време

Поради новиот бран на коронавирусот, Србите размислуваат за кратење на работното време

Србија размислува за кратење на работното време поради новиот бран на коронавирусот. 

Кризниот штаб денеска имаше состанок, а беше најавено дека како една од опциите е и кратење на работното време, со цел да се намали бројот на луѓе кои се собираат на едно место.

„Можеби да бараме скратување на работното време, да се скратат манифестациите од масовен карактер, собирите да ги сведеме на помал број лица, да има помалку контакти за помалку лица да се заразуваат“, рече Бранислав Тиодоровиќ, член на кризниот штаб.

Тој вели дека задоцниле со ковид пропусници, а повика граѓаните да примат и трета доза на вакцина против коронавирусот.  Со денови во Србија имаа по 7.000 до 8.000 заразени, но дневно имаше и по 50 починати. Делта сојот ги полни болниците низ Балканот. Веќе две седмици, српски лекари повикуваат да се воведат рестрикции. 

Слично

Поврзани вести