Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради невремето „Филипос“ затворени се училиштата во Атина

Поради невремето „Филипос“ затворени се училиштата во Атина

Втор ден се затворени дел од училиштата во грчката престолнина Атина. 

Невремето Филипос донесе ниски температури и снег во целата земја. 

Основните и средните училишта во северниот, западниот и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и денеска, втор ден по ред се затворени, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката е на префектот на областа Атика Јоргос Патулис. Oд синоќа вaжи мерката за забрана за сообраќај на тешки возила по 22 часот на еден дел од автопатот од Атина кон Ламија.

И кон крајот на јануари годинава, во Атина имаше снежно невреме кое го попречи нормалното функционирање на граѓаните. Тогаш исто така беа затворени училишта, а во октомври лани во Грција имаше невреме кое однесе и жртви. 

Слично

Поврзани вести