Поради неутврденост на штетата се одложи судењето на притворените демонстрантите
Здравко Савески и Владимир Куновски остануваат во куќен притвор.
Ова е исходот од денешното судење кое беше одложено поради вештањето на штетата.
Двајцата демонстранти, инаку членови на ЛЕВИЦА беа притворени под сомнение дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот.
Висината на штетата што е направена при демолирањето на Канцеларијата првично е утврдена на 880.000 денари или 15.000 евра, но според дописот од Канцеларијата на претседателот штетата конечно треба да ја утврди Народното правобранителство кое побара од Бирото за судски вештачења да ја утврди точната штета и колку треба да плати секој обвинет демонстрант.
Од Левица по повод апсењето на нивниот член, Здравко Савевски рекоа дека целта е да се угуши народниот револт кој станува се помасовен.
За протестите има три судски процеси еден против Савески и Куновски, еден против студентот и процесот против Никола Аризанов и Филип Наковски кој и по цела недела никако да започне поради неутврдена точна висина на штетата.
