Поради неправилности ЕУ ги запира земјоделските субвенции за Хрватска
Инспекцијата евидентирала многу неправилности во хрватските проекти кои добиле финансиска поддршка за време на министерот Јаковина.
Дел од политичарите во земјата изјавија дека ова е алармантна вест. Европската комисија ја стопира исплатата на земјоделските субвенции за Хрватска, во вредност од 1,23 милијарди куни. Вакви мерки против земјата се преземени поради корупција.
Во наодот на ревизијата која ја потпиша Кристин Борхман, директор на Главната управа за земјоделство и рурален развој на Европската комисија, стои дека инспекцијата нашла многу неправилности во хрватските проекти кои добиле финансиска поддршка во текот на мандатот на поранешниот министер, Тихомир Јаковина.
Слично
