ПОРАДИ НЕМАРНОСТ ИЛИ ПОРАДИ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ: Дел од општините се останати кај крајниот снабдувач, РКЕ прави анализи како може да им се излезе во пресрет
Претседателот на
РКЕ, Марко Бислимоски во емисијата „Стадион” на Канал 77 изјави
дека најголем број од општините и јавните комунални претпријатија набавуваат
електрична енергија на слободниот пазар, а РКЕ прави анализи како може да им се
излезе во пресрет.
-Но, за жал, имаме детектирано дека дел од општините се останати кај крајниот снабдувач што е 50 отсто од берзата хупекс – некои поради немарност, некои поради тоа што снабдувачите им ги раскинале договорите. Малите општини или помалите јавни претпријатија се на регулираниот пазар и кај нив состојбата е стабилна, истакна Бислимоски.
Тој нагласи дека пробелмот со кој се соочуваат општините е кај јавните комунални претпријатија кои мора да си ја зголемат ефикасноста.
-Анализите што ги прави РКЕ, без да посочувам во која општина, во едно комунално претпријатие се гледа дека има 550 вработени, а еден кориснички центар на ЕВН на поголема територија работи со 50 луѓе. Јавните комунални претпријтија не се ефикасни и се превработени, најголем број од трошоците одат на плати, рече претседателот на РКЕ.
