Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради навредата од Латас, граѓани од турска националност излегуваат на протест!

Поради навредата од Латас, граѓани од турска националност излегуваат на протест!

Вчерашната навреда која главниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ – Латас ја упати кон турските граѓани очигледно ја прелеа чашата.

По тој повод на социјалните мрежи е организиран повик во кој се повикуваат сите  слободоумни граѓани напладне да се упатат на мирен протест пред влада.

Латас во текот на вчерашното гостување на опозицискиот лидер Зоран Заев ги навреди сите припадници на турска националност.

„Ве повикуваме сите слободоумни граѓани утре (четврток) точно напладне во 12 на мирен протест пред Влада на Република Македонија да го изразиме нашиот револт против дрската навреда кон нас турците, а во 13 часот пред телевизија Сител“, пишува во повикот.

Имено протестантите ќе побараат  Владата да се огради од коментарот на Драган Павловиќ Латас ( поради тоа што тие се најголеми финансиери на ТВ Сител), сите партии со предзнакот турски да излезат од коалиција со ВМРО ДПМНЕ; и пратениците во парламентот на Република Македонија да побараат одговорност од Тв Сител.

На протестот е најавено дека ќе се поднесе групна тужба против уредникот на Дневникот на Тв Сител, Драган Павловиќ Латас согласно законот за граѓанска одговорност за изречена клевета или навреда.

Имено, во последниот дневник на погоренаведениот медиум, Латас им се извини на Турците за навредата, која рече не била негово мислење или став туку едноставно гаф.

Жалам и се извинувам на секој Турчин кој се почуствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту мое убедување, едноставно е мој гаф, рече уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ- Латас во третиот Дневник.

Слично

Поврзани вести