Поради наклонетоста кон Русија, Србија „заработи“ блокада
Поради блиските односи со Русија, Србија ќе „заработи“ блокада од Литванија.
Српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ изјави за белградски „Новости“ дека Србија во преговорите со ЕУ до крајот на оваа година тешко дека ќе може да го отвори поглавјето 31 кое се однесува на надворешната, безбедоносната и одбрамбената политика.
Како што пишува медиумот, причина за ова е блокадата од Литванија поради односите на Белград и Москва.
Јоксимовиќ вели дека треба да се сфати дека при оценката на секое прашање од значење за надворешната и безбедносната политика, членките поаѓаат од сопствените национални интереси и со консензус го подигаат до ниво на заедничка политика на ЕУ. Од земјата кандидат се очекува до зачленувањето постепено да се усогласува со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Но, се смета дека зад оваа „рампа“ може да стојат и други причини. Србија во оваа земја нема ниту своја амбасада.фото Novosti.rs
