Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради најавата за штрајк на наставниците неизвесен почетокот на второто полугодие од учебната година

Поради најавата за штрајк на наставниците неизвесен почетокот на второто полугодие од учебната година
По најавата од СОНК дека повторно ќе го активира генералниот штрајк, кој започна во септември минатата година пред почетокот на учебната година, се понеизвесно е дали учениците навреме ќе почнат со второто полугодие по зимскиот распуст. Причини за штрајкот, како што наведуваат од СОНК се безуспешните преговори кои се воделе со ресорните министерства и кои не ги дале очекуваните резултати. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во изјава што ја даде минатиот месец истакна дека ставот на СОНК е многу јасен и побара до 31 декември по пат на преговори да се дојде до взаемно прифатливо решение во спротивно најави дека ќе биде активирана одликата за штрајк, која до сега беше ставена во мирување. Според изнесените информации спорни точки во преговорите биле барањата на СОНК за повисоки плати во образованието и стопирање на одлуката за казни на наставниците од екстерното тестирање. Од министерството за Образование со став дека најавениот штрајк не е во насока на подобрување на квалитетот на образованието и најавуваат дека наставниците кои ќе излезат да штрајкуваат ќе бидат заменети со други. „Се зборуваше отворено за сите теми, освен за барањето на СОНК за зголемување на месечната плата, бидејќи имаше покачување за четири проценти, додека други зголемувања на платите може да има само врз основа на проекциите во буџетот. Сметаме дека најавениот штрајк е во спротивност со нашата заедничка цел и доколку се реализира тогаш МОН ќе ги применува одредбите на законот“, се вели во соопштението од МОН. Од СОНК истакнуваат дека овој пат не отстапуваат од одлуката за штрајк, но и понатаму се отворени за дијалог со надлежните.
Слично

Поврзани вести