Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради кризата во Украина скокна цената на нафтата

Поради кризата во Украина скокна цената на нафтата

Се зголеми цената на нафтата. Поради украинската криза таа скокна на 91 долар. 

На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневните часови беше во плус од 74 центи во однос на претходното затворање, односно изнесуваше 90,70 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 87 центи поскапо, по 88,22 долари.

Кризата во Украина и тензиите меѓу Русија и Западот ги надминаа индициите дека Федералните резерви на САД (ФЕД) ќе ја заострат монетарната политика.

Овој тренд на зголемување на цената трае неколку дена. 

Слично

Поврзани вести