Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ КОВИД-19 ПРОДОЛЖЕНА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ВО БУГАРИЈА: Ќе трае до 31.јули

ПОРАДИ КОВИД-19 ПРОДОЛЖЕНА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ВО БУГАРИЈА: Ќе трае до 31.јули

Советот на министри донесе одлука за продолжување на рокот на прогласената вонредна состојба со епидемија на корона вирусот, од 1 јуни 2021 година до 31 јули 2021 година.

Како што пишува денеска News.bg,  и покрај забележаниот пад на инциденцата на КОВИД-19 во земјата, ширењето на инфекцијата ги погодува сите области. Случаите се дијагностицираат кај луѓе од сите возрасти, а смртноста останува највисока кај постарите лица. На глобално ниво, заклучно со 9 мај 2021 година, Бугарија е на 11-то место според 14-дневната смртност.

-Продолжувањето на епидемиската вонредна состојба и спроведувањето на анти-епидемиски мерки во земјата имаат за цел да го намалат влијанието на Ковид-19 врз јавното здравје и здравствениот систем, земајќи го предвид реалниот ризик од ширење на различни варијанти на САРС-CoV -2.  Неопходно е да се продолжи со примената на здравствените барања при влегување на територијата на земјата, како и воведување на ограничувања за пристап до земјата, што ќе помогне да се намали веројатноста за ширење на нови варијанти во Бугарија, наведува , наведува News.bg..


Слично

Поврзани вести