ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?
Помалку се произведува маслиново масло за разлика од порано и тоа е поскапо.
Цените на маслиновото масло во шпанска Андалузија изнесуваа 7,8 евра (8,4 долари) за килограм заклучно со 19 април, според референтниот индекс на Минтек, што е намалување од нешто повеќе од 8 евра на крајот на март.
„Шпанија, која обезбедува повеќе од 40 отсто од светското производство според Центарот за промоција на увозот, обично може да се очекува да произведува некаде помеѓу 1,3 милиони и 1,5 милиони метрички тони маслиново масло секоја жетва“, рече Холанд, според Си-Ен-Би-Си.
Хелена Бенет, шеф на климатската политика во независната тинк-тенк Green Alliance UK, го припиша рекордниот скок на цените на маслиновото масло на климатските промени.
