Поради кампување на недозволено место приведени Бугари во Грција: Им се заканува солена казна од 300 до 3000 евра или затвор
Солени казни и затвор им се заканува на прекршителите во Грција кои одлучуваат да кампуваат на недозволено место.
Во четвртокот властите од нашиот јужен сосед приведоа 12 Бугари, кои распнале шатори на недозволено место за кампување во крајбрежната зона на вториот крак на Халкидики - Ситонија.
Сеуште не е јасно како ќе бидат казнети сторителите. Административната казна предвидена со закон е до 300 евра, а кривичната може да стигне до 3000 евра. Прекршителите можат да добијат и казна до 6 месеци затвор.
Властите во Керамоти прифатиле и наредба, според која, ако не ја платиш паричната казна (меѓу 500 и 1.000 евра) во моментот можат да го задржат автомобилот на сторителот.
Казнетите кампери ако отидат веднаш во даночна служба на местото каде што направиле прекршок и ја платат глобата во рок од 15 дена, санкцијата се намалува за 50%.
Последните години се зголемени и санкциите за палење на оган. За загадување на животната средина и исфрлање на сметот казните почнуваат од 300 евра, а за палење на оган на недозволени места се предвидува затвор до 5 години.
Бугарите се соочуваат со опасноста да бидат уапсени во секој момент, ако не се согласат со грчкото законодавство.
Доколку и вие сте обожувател на кампувањето , за да не заглавите на недозволено место и да не се расправате со Грците на оваа тема, а притоа и да не платите солена казна, подолу прочитајте кои се најдобрите но ДОЗВОЛЕНИ камп места во Грција.
(ФОТО) АКО ОБОЖУВАТЕ КАМПУВАЊЕ: Ова се најдобрите камп места во Грција
И кои се придобивките од кампување и одмор во шатор во однос на хотел.
