Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради исплата на пензии за починати лица, Грција губела 320 милиони евра годишно

Поради исплата на пензии за починати лица, Грција губела 320 милиони евра годишно

Јанис Вруцис, грчкиот министер за труд треба да им достави на обвинителите податоци за речиси 46 илјади лица, кои незаконски добивале пензии и други социјални додатоци, пишува весникот „Катимерини“.

Весникот потсетува дека списокот со 45.997 имиња бил направен по серијата истраги спроведени изминативе месеци. Во текот на истрагите е утврдено дека илјадници пензии и социјална помош биле исплаќани на починати лица.

Таквите измами државата ја чинеле 320 милиони евра годишно, пишува „Катимерини“.

Слично

Поврзани вести