Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради електрогигантот ЧЕЗ – Чешка подготвувала да стави вето за Албанија

Поради електрогигантот ЧЕЗ – Чешка подготвувала да стави вето за Албанија
Одземањето на лиценцата на чешкиот државен електрогигант ЧЕЗ во Албанија е главната причина поради која Чешка била подготвена да стави вето за кандидатскиот статус на Албанија во ЕУ. Ова го потврди чешкиот премиер, сега веќе во оставка, Јиржи Руснок, објави весникот „Млада Фронта Днес“ „Но, не мора да ставам вето, бидејќи ни Холанѓаните, ни Германците, ни Французите не се многу воодушевени од придружувањето на таа убава балканска земја преполна со дилери на дрога“, истакнал Руснок пред пратениците во чешкиот парламент. ЧЕЗ веќе покрена меѓународна арбитража и бара Албанија да им плати 200 милиони евра оштета за инвестицијата која пропадна.
Слично

Поврзани вести