Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради „Џонсон Мети“, укината царината за увоз на благородни метали

Поради „Џонсон Мети“, укината царината за увоз на благородни метали

За да ја помогне работата на компаниите, пред се на „Џонсон Мети“ како еден од најголемите странски инвеститори во Македонија, Владата ги укинува царините за благородните метали. Според Премиерот Никола Груевски, освен што се инвеститор и вработуваат доста луѓе „Џонсон Мети“ биле и промотор на Македонија.

„Повеќето компании од светот  кога доаѓаат и прашуваат за можностите за инвестирање во Македонија одат и кај оние компании кои во последните години инвестирале да ги прашаат дали тие се задоволни и дали Владата навистина го спроведува она што декларативно го кажува кога оди на промоции. Така што од тој аспект овие компании се на некој начин наши промотори и поддржувачи. И секако дека Владата треба да покаже дека правиме се што е во наша моќ да им помогнеме како на нив, така и на сите останати“, појасни Груевски.

Инаку благородните метали се неопходна суровина за производство на катализатори, а компанијата „Џонсон Мети“ мора да ги увезува во земјава.
Слично

Поврзани вести