Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради дефект исклучена нуклеарката „Кршко“ во Словенија

Поради дефект исклучена нуклеарката „Кршко“ во Словенија
Нуклеарната централа Кршко во Словенија, денеска автоматски е исклучена откако беше регистриран пад на притисок во генераторот на пареа и нема опасност од излевање радиоактивни материи, изјави Андреј Стритар, шеф на словенечката администрација за нуклеарна безбедност. Тој прецизираше дека автоматското гаснење на централата уследило претпладнето и сите безбедносни системи правилно функционирале. Во тек е истрага за тој дефект и „ситуацијата е под контрола“, наведе тој. Нуклеарката беше пуштена во работа во 1983 година.  
Слично

Поврзани вести