Поради бегалскиот бран Европа ги затвора границите и крева ѕидови
Унгарија ќе се изгради 4-метарска ограда долж границата од 175 километри со Србија, соопштил министерот за надворешни работи на земјата Петер Сирто, пренесоа светските новински агенции.
Причината е тешката борба со постојаното зголемување на протокот на имигранти кои доаѓаат од Србија и се стремат да влезат во Унгарија и потоа тргнуваат кон други земји од ЕУ.
Унгарската влада со месеци тврдеше дека токму илегалните бегалци од Блискиот Исток се сериозен проблем и треба да се преземат мерки против тоа.
„Ние не можеме повеќе да чекаме вкупно решение на овој болен проблем од Брисел, затоа ќе дејствуваме сами“, изјавил Сирто. Во минатата година во Унгарија влегле 43 000 илегални бегалци, додека во 2012 година тие биле едвај 2 000. Повеќе од 95% од нив влегуваат во земјата токму од Србија.
