Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради бегалците oд Украина скокна бројот на невработени во Германија

Поради бегалците oд Украина скокна бројот на невработени во Германија

Поради бегалците oд Украина порасна бројот на невработени во Германија. 

Бројот на невработените месецов пораснал посилно од очекуваното, но растот на овој показател е поврзан со впишувањето на бегалците од Украина во статистиката, соопшти во петокот Сојузната агенција за вработување (BfA) во Нирнберг.

„Бројот на невработените во споредба со јуни, во јули се зголемил за 107.000 и изнесува 2.470.000 лица“, стои во соопштението на BfA, па така стапката на невработеноста изнесува во Германија 5,4 отсто.

Бегалците од Украина досега се водеа како приматели на социјални повластици во рамките на законот за подносителите на барањата за азил и бегалците од оваа земја.

Се смета дека од крајот на февруари и почетокот на војната во Украина, во Германија од оваа земја влегле околу 900.000 лица.

Слично

Поврзани вести