Поради бегалците од Авганистан, Бугарија испраќа војници на границата
Бугарија испраќа војници на границата поради можен прилив на мигранти од Авганистан.
Власта соопшти дека ќе ја зајакне границата со Грција и Турција со 400 до 700 војници, затоа што постои загриженост во Европа поради приливот на мигранти од Авганистан.
Министерството за внатрешни работи информираше дека постои „зголемен миграциски притисок“ во последните недели на границата со Турција и Грција. Поради загриженоста на Европа за авганистанските мигранти, словенечкото претседателство на ЕУ свика итен состанок на министрите за внатрешни работи на блокот што ќе се одржи во Брисел на 31 август.
Aгенцијата за бегалци на ОН УНХЦР вели дека половина милион Авганистанци би можеле да побегнат од земјата.
Им порачаа на соседните земји да ги држат границите отворени за оние што бараат безбедност.
