Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОРАДИ БАНАЛНА РАСПРАВИЈА: Гостиварец застрела момче и ќе одговара за убиство

ПОРАДИ БАНАЛНА РАСПРАВИЈА: Гостиварец застрела момче и ќе одговара за убиство

30 дена притвор доби гостиварецот кој завчера вечерта околу 21.30 часот во Гостивар пукаше во 26-годишно момче после банална расправија.

Имено, убиеното момче им подлегна на повредите по укажаната интервенција на скопските клиники.

Немилиот настан се случи кога сега мртвото момче било паркирано од  левата страна на улицата „Седек Костоски“ кога од спротивната страна со автомобил наишол осомничениот со своето семејство, при што меѓу двајцата настанала расправија, момчето жртва прво удрило во возилото  на осомничениот со метален предмет, кој пак извадил пиштол и испаничен испукал три куршуми во правецот на момчето.

Осомничениот сам се пријавил во полициска станица и против него е покрената истражна постапка.

ОЈО ќе го гони за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик.

Слично

Поврзани вести