Поради апсењата во „Претседавач“, опозицијата ќе се повлекува од комисијата за 24 декември?
„СДСМ нема да молчи за она што се случува и за пораките кои власта ги испраќа кон сите граѓани. Ова ново притворање е демонстрација на сила и страв пред граѓаните. Тврдат дека предметот е отворен повеќе од три години, а името на предметот е „Претседавач“, а знаеме дека Шиповиќ е претседавач само четири месеци на Советот на општина Центар и само по себе тоа кажува каква е намерата на власта“ вели опозицискиот лидер Зоран Заев за последната акција на полицијата во случајот Машинопромет кој најави дека ќе го замрзнат учеството во работната група за за спроведување на препораките од Извештајот за 24 декември, доколку продолжат апсењата за случајот „Претседавач“.
За недела тој најавил состанок на сите органи на партијата кога, како што рече ќе бидат утврдени идните активности на партијата во овој случај.
„Едно е сигурно, веднаш ќе ја замрзнеме работата, односно нашето учество во работата на работната група во парламентот, оти дефинитивно нема смисла. Таа работна група има за цел да ги спроведе препораките од извештајот од 24 декември за да не се повторат вакви работи. Денеска, повторно власта продуцира вакви работи. Секако, ќе разгледаме уште многу демократски мерки кои што ни стојат на нас како опозиција за имплементирање. Наша задача е да застанеме на пуштањето на сила и страв од страна на власта кон сите граѓани во ова општество“, смета Заев.
Во врска со ваквите обвинувања премиерот Никола Груевски вели не станува збор за политичка пресметка.
„Нема никакво политичко апсење, ниту имало, ниту ќе има. Има дејствување на Министерството за внатрешни работи по налог на обвинителството по случаи каде што обвинителството изразило сомнежни за утврден криминал“, изјави денеска Груевски.
Според премиерот, случајот треба да се процесуира до судовите.
„Тие се тие кои треба да судат, а не да суди некој политичар, претседател на партија или пратеник или кој било друг“, рече Груевски.
Слично
