Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поради поларен студ, во Албанија на три дена се затвораат сите училишта

Поради  поларен студ, во Албанија на три дена се затвораат сите училишта

Поради најава за поларни температури, во Албанија следната недела три дена нема да има настава. 

Од понеделник до среда се затвораат сите училишта. 

„Во некои области ќе достигне и до-17 степени Целзиусови“, објави на Фејсбук министерката за образование, Евис Куши.

Вели дека  приоритет во секое време е здравјето и благосостојбата на децата. 

„Секако доколку прогнозите не се покажат точни, а температурите ќе бидат поприфатливи, ќе ја разгледаме оваа одлука и ќе бидеме во постојана комуникација со вас, бидејќи за нас процесот на учење е од приоритетно значење“, додава Куши.

Изгубените часови, објаснува таа, ќе бидат дополнети во договор со локалните канцеларии за образование, за што навремено ќе бидат информирани сите образовни институции.

И во Македонија се очекуваат ниски температури. Метеорологот Славчо Попоски најави температури до -15 степени. 

Слично

Поврзани вести