Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попушта бедемот на Сава – наредена итна евакуација на десетина села!

Попушта бедемот на Сава – наредена итна евакуација на десетина села!
Итна евакуација е наредена претпладнево од селата по течението на реката Сава во Србија, откако започнаа да попуштаат подигнатите бедеми на оваа река. „Бедемите се потопени со вода и постои реална опасност да попуштат“, изјави шефот на Градскиот штаб за вонредни ситуации во Шабац, началникот на Генералштабот на Српската војска Љубиша Диковиќ. Тој ги повика мештаните на овие села кои сеуште не веруваат колку е сериозна состојбата и одбиваат евакуација, самите да отидат до бедемите и да видат дека низ нив веќе протекува вода. Заради можен пробив на насипите, граѓаните се известени дека веднаш штом чујат тревога за евакуација треба да тргнат и зад себе да ги остават сите материјални добра. Најголем дел од водостоите во Србија се во стагнација, но во очекување на нов поплавен бран, кој веќе започна да се спушта од Хрватска.
Слично

Поврзани вести