Економија, финансии, бизнис

Контакт

Популарни тестенини повлечени од хрватскиот пазар - постои ризик од труење

Популарни тестенини повлечени од хрватскиот пазар - постои ризик од труење

Медиумите од соседството пренесуваат дека од пазарот во Хрватска се повлекуваат производи поради зголемена количина на 3-MCPD и глицидил естри на масни киселини. Станува збор за тестенини кои не е во согласност со Регулативата 2023/915 за максимални нивоа на загадувачи во храната.

- Државниот инспекторат на Република Хрватска ги информира потрошувачите за повлекувањето на производот SAMYANG Cup Inst. Hot Chicken Noodle Carbonara, 6x80g (Инстант buldak carbonara činija SAMYANG 80 g), број на ЛОТ H W3, најдобро до 28.8.2026 година, поради зголемена количина на 3-MCPD и глицидил естри на масни киселини - се посочува во објавата. 

Понатаму медиумите пренесуваат дека роизводот не е во согласност со Регулативата 2023/915 од 25 април 2023 година за максимални нивоа на одредени загадувачи во храната и со која се укинува Регулативата (ЕЗ) бр. 1881/2006.

Детали за производот

Добавувач: Asian Food Group B.V., Холандија

Трговија на мало: PEKINŠKA PATKA d.o.o., Загреб

Земја на потекло: Јужна Кореја

Слично

Поврзани вести