Економија, финансии, бизнис

Контакт

Попрво ќе одат во затвор отколку да вршат општо корисна работа

Попрво ќе одат во затвор отколку да вршат општо корисна работа

Во соседна Србија граѓаните попрво ќе одат во затвор за неплатена казна, отколку да работат општо корисна работа.

Двесте жители на Нови Сад лани биле во затвор за неплатени казни. Еден ден во затвор вреди 1000 динари од казната колку што се два часа работа за општо добро. Од судот за прекршоци велат дека пратиле десетици предлози за општо корисна работа, но никој не прифатил.

Социологот Немања Делич вели дека ова се случува поради пореметениот систем на вредности.

„Иако во светот е нормално некои луѓе да ја одработат казната, кај нас тоа е срамота. Немој случајно да не види соседот како чистиме смет на улица. Сè е обратно, наместо да ни е срам кога ќе украдеме, наместо за крадец да кажеме дека е „снаодлив“, нас ни е срам чесно да работиме“-објаснува социологот.

Тој смета дека државата треба со кампања да ја популаризира општо корисната работа.

Слично

Поврзани вести