Попозитивни движења се очекуваат во економијата
Економски тим на Владата очекува попозитивни движења во економијата во втората половина од годинава.
- Според она што се најавува за европската економија очекуваме да имаме попозитивни движења во втората половина од годината, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по објавата за изградба на нов објект на Универзалната сала.
- За разлика од она што се предвудуваше Германија како движечка сила на европската економија имаше многу понегативен раст, така што и нашите очекувања се дека годината ќе се заврши приближно во тие рамки, околу 0, но да ги почекаме податоците од Државниот завод за статистика. Она што нас повеќе не интересира е како ќе оди 2013-та, додаде Ставрески.
Со позитивни очекувања за економијата во 2013 година е и вицепремиерот Владимир Пешевски. Кој изјави дека очекува 2013 да биде подобра во однос на 2012 со оглед на инфраструктурните проекти што се почнати и тие што ќе се реализираат.
Државниот завод за статистика денеска треба да ја објави стапката на раст на БДП за четвртиот квартал. БДП во третиот квартал од 2012 година забележа раст од 0,2 проценти, по падот од 0,9 проценти во вториот и од 1,4 проценти во првиот квартал.
Слично
